Тој јаде бубачки, се бори со алигатори и змии, но од што се плаши Бер Грилс?

Сподели со своите пријатели

Водителот и експерт за преживување Бер Грилс познат е по тоа што не се плаши од напади на животни, нивнит еотрови, ниту пак да се качува по стрмни патеки, но постои нешто што и него го исполнува со страв.

Веували или не, во прашање се забавите.

Сите имаме стравови. Луѓето мислат дека немам никакви стравови, но всушност се плашам од многу работи. Се плашам од коктел забави на кои има многу луѓе кои не ги познавам – рекол тој.

Подобро од рака му оди дружењето со глисти и скокање по карпи, отколку да биде дел од забава.

Зборувајќи на меѓународната конфереција за едукација во Дубаи, Грилс рекол дека во младоста немал самодоверва и го опишал својот прв пристап во борбата со стравотите и сомнежот во самиот себе.

Научив дека најдобар начин да ги победиш стравовите е да ги фрлиш во нивното средиште. Навистина е така, единствениот начин да не го видиш стравот е да се најдеш на него. Тоа го научив на потежок начин. Така се носам со тоа – рекол Грилс.

Тој истакнал дека секогаш е нервозен кога треба да скокне од авион, но разбирливо, затоа што во 20-те години ја пворедил кичмата додека скокал со падобран во Африка.

Заздравувањето од тешките повреди станало одскочна даска за неговите понатамошни амбиции.

Тоа беше мрачно време. Чувствувам дека немам многу среќа. Можев да умрам или да останам парализирна. Знаев дека животот ми даде втора шанса – посочил Грилс.

 

Loading...