Тлото во Романија не мирува: Од синоќа регистрирани 10 земјотреси

Сподели со своите пријатели

Тлото во Романија не престанува да се тресе, а само во текот на претходната ноќ во периодот од 23 часот и 45 минути до 08 часот се регистрирани 10 слаби земјотреси од кои најсилниот е забележан во 7 часот и 51 минути и изнесувал три степени по Рихтер.

Loading...

Јачината на земјотресите што ја погодија Романија во текот на ноќта варираше од 1,9 до 3 степени според Рихтеровата скала.

Претходно вчера беа регистрирани четири послаби земјотреси со јачина од 2,1 до 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Да потсетиме, Романија во текот на претходните денови ја погодија серија земјотреси од кои најсилниот беше 5,2 степени според Рихтеровата скала.

Нанесоа голема материјална штета, а состојбата е најкритична во населбата Горј. Како што пренесуваат локалните медиуми, многу куќи се тешко оштетени и во секој момент се во опасност да бидат урнати.