Тинјџери викендов физички се пресметувале во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица, од кои двајца тинејџери, меѓу кои и еден малолетник, викендов го нарушиле јавниот ред и мир во Куманово со физичка пресметка.

Loading...

– На 24.02.2024 во 23.45 часот било пријавено дека околу 23.00 часот во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.А.(18) и еден малолетник од една страна и Х.Н. од друга страна, сите од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи Куманово.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец крадел од паркирано возило