Тинејџерка загина при невреме во Италија

Сподели со своите пријатели

16-годишна тинејџерка загинала во извиднички камп во Чегедол, во италијанската провинција Бреша, кога дрво паднало врз шаторот во кој таа спиела за време на невреме.

Loading...

Кампот бил евакуиран од пожарникари, јавува Анса.

Поради невремето евакуиран е и извидничкиот камп во Вал Дориз.

Северот на Италија вчера го зафати силно невреме, а во Монца една жена загина, додека три лица се повредени.

Милано и неговата околина утрово околу четири часот ги зафати силно невреме со силен дожд, град и удари на ветер со брзина од над 100 километри на час, што е второ невреме за нешто повеќе од 12 часа.