Тинејџери се тепале во Никуштак, пронајден и пиштол

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник и двајца малолетници физички се пресметувале во липковското село Никуштак, а на местото на настанот бил пронајден и пиштол.

Loading...

– На 08.06.2022 во Полициското одделение Матејче на службен разговор биле повикани Ј.В.(18) од село Ропаљце, липковско и двајца малолетници од с.Никуштак, липковско, затоа што претходно во 19.25 часот во центар на село Никуштак го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, на местото на настанот бил пронајден гасен пиштол „Магнум“ калибар 9мм.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца кумановци, полицијата им пронашла различни видови наркотици

Никола Ивановски