Тинејџер во училиште во САД ранил двајца ученици и наставничка, доби 12 години затвор

Сподели со своите пријатели

Тимоти Симпкинс, 19-годишник кој пред две години рани двајца ученици и професорка во средно училиште во Арлингтон, Тексас, е осуден на 12 години затвор.

Loading...

Обвинителите побараа доживотен затвор за обвинението за обид за убиство.

Симпкинс пред судот сведочеше дека пиштолот го носел само за да се заштити и рече дека 15-годишниот Закеаус Селби, со кој се тепал, влегол во училницата и ја започнал тепачката.

„Навистина ми е жал. Сакам само втора шанса“, изјави Симпкинс, кој за време на пресметката го застрелал Селби три пати.