Тешко повреден малолетен пешак во липковско

Сподели со своите пријатели

Малолетен пешак се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил на регионалниот пат Липково – Арачиново.

Loading...

– На 02.06.2022 околу 14.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во селото Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од село Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од селото Матејче, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

Никола Ивановски