Тешко повреден малолетен пешак во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетен пешак од  Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако во него вчера удрило „ауди“.

Loading...

– На 14.04.2023 околу 18.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крак од ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(35) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што се додава од МВР, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец возел пијан и бил агресивен кон полицајци