Тешко повреден 85-годишен пешак во Куманово

Сподели со своите пријатели

Осумдесет и петгодишнен пешак од Куманово вчера се здобил со тешки повреди откако во него удрил мерцедес.

Loading...

– На 02.06.2022 околу 11.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Љ.(46) од Куманово, удрило во пешак И.С.(85) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пријавено пукање во липковско, полицијата не открила ништо