Тешко повреден 40-годишен пешак во Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириестгодишен пешак во Куманово бил тешко повреден откако во него удрило возило управувано од 22-годишен сограѓанин.

Loading...

– На 03.11.2022 во 07.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул. „11-ти Октомври“, ул.„Доне Божинов“ и Плоштад „Нова Југославија“ во Куманово, патничко моторно возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(22) од с.Режановце, кумановско, удрило во А.С.(40) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.С. констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски