Тешко повреден 20-годишен кумановец откако излетал од коловозот

Сподели со своите пријатели

Дваесетгодишен кумановец се здобил со тешки телесни повреди откако со своето возило излетал од патот Куманово – Скопје.

Loading...

– На 17.04.2024 во 19.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Скопје, кај с.Ново Село, кумановско, патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.З.(20) од Куманово, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца приведени поради напад на жена на булевар во Куманово

Никола Ивановски