Теодора Димитровска кандидат за градоначалник на Куманово на ЛДП И ДОМ

Сподели со своите пријатели

Теодора Димитровска е кандидат за градоначалник на Куманово на коалицијата ЛДП И ДОМ на престојните локални избори кои ќе се одржат на 17 октомври.

Loading...

– Младите се нашата сегашност и клучот за успех, а тоа го докажува генералната секретарка на ЛиДем која овие локални избори е кандидат за градоначалничка на општина Куманово. Теодора Димитровска е најмладиот кандидат за градоначалник од страна на „Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ“ – коалиција на ДОМ и ЛДП. Младите заслужуваат да бидат на клучните позиции и да донесуваат политички одлуки, рамо до рамо со сите други, стои во соопштението на коалицијата.

ЛДП И ДОМ ќе имаат и советничка листа на која носител е Валентин Ефтимовски.

Никола Ивановски