Температурите под просекот, стабилизација на времето од утре

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд и ретки грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, а температурата ќе биде под просекот за овој период од годината.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната од 15 до 24 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Во попладневните часови е можна изолирана појава на врнежи од дожд и грмежи.

Температурата во кумановско ќе се движи од седум степени во утринските часови до максимални 15 во текот на денот.

Loading...

 

 

Од утре следува стабилизирање на времето со пораст на температурата на воздухот.

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply