Технички детали ја кочат гасификацијата на кумановската болница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Додека кумановската болница се потеницра како еден од најголемите загадувачи на воздухот во Куманово од локалната самоупарава, министерот за здравство Венко Филипче вели дека изготвениот проект за гасификација на установата се модифицира, па потоа ќе се распишува проектот.

Loading...

– Кумановската болница имаше спремен проект кој требаше да се модифицира од технички аспект заради новиот Ургентен центар, заради тие нови приклучоци, тоа е при крај, имаме озбебедено средства и кога тоа ќе се среди ние можеме да ја започнеме постапката, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска го повика ресорното министерство на болницата да и обезбеди средства за гасификација.

– Болницата има изготвено свој проект од менаџерскиот тим и тие се подготвени, треба некој да им обезбеди срдства, а тоа е ресорното министерство за да ја адаптираат нивната техника и да ја приспособат внатршената инсталација во болницата на системот да функционира на гас, а наш дел од работата е да обезбедиме приклучок на гас на болницата согласно предвидената точка на напојување на болницата, рече Димитриевски.

Инаку кумановската болница се затоплува на мазут и фосилни горива, што според локалните власти го загадува воздухот, а токму во болничкиот круг е и мерната станица за квалитетот на воздухот па затоа се прикажуваат и високите нивоа на загаденост.

Најава за гасификација на објектот министерот Филипче даде и пред една година.

Leave a Reply