Надворешна фирма ќе го испитува загадувањето во Куманово

Сподели со своите пријатели

Приватна фирма ќе го истражува загадувањето во Куманово, односно ќе врши мерења на повеќе локации за да се добијат подетални информации од каде и како се загадува градот.

Loading...

Откако минатата недела Куманово изби на првото место во светот според аерозагаденоста, локалните власти ги преземаат сите можни напори да се справат со проблемот.

Како што рече градоначалникот Максим Димитриевски се уште не е јасно како беше измерен толку висок коефициент на загаденост, кој во одредени моменти изнесуваше над 1.800 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух. Според него, еден од загадувачите е и кумановската болница која се затоплува на мазут, проблем кој може да се реши со гасификација на објектот.

– Во секој момент сме подготвени да го шириме проектот за гасификација на болницата, но болницата како потрошувач првенствено треба да поднесе барање и да обезбеди финансиски средства за адаптација на нивниот проект во рамки на болницата за да истиот се стави во функција, во спровитно не ви значи ништо дотур на гасот до влезната врата на болницата доколку вие ја немате адаптирано опремата внатре, изјави Димитриевски.

Сепак кумановскиот градоначалник вината за таквата состојба ја гледа во ресорното министерство.

– Болницата има изготвено свој проект од менаџерскиот тим и тие се подготвени, треба некој да им обезбеди срдства, а тоа е ресорното министерство за да ја адаптираат нивната техника и да ја приспособат внатршената инсталација во болницата на системот да функционира на гас, а наш дел од работата е да обезбедиме приклучок на гас на болницата согласно предвидената точка на напојување на болницата, рече Димитриевски.

Тој го повика министерот за здравство наместо да дава паушални изјави, да излезе со предлог на болницата да и се одобрат средства за гасификација.

Како што вели градот е ставен во подредена состојба, бидејќи други градови добија и субвенции за клима уреди, а Куманово како град кој има развиено примарна и секундарна гасификациона мрежа, не доби субвенции за приклучок на гасоводна мрежа. Општината субвенционира приклучоци со 150 евра, но за граѓаните е проблем да се обезбедат и останатите 600, вели Димитриевски.

Loading...

Инаку, општината применува повеќе мерки на краткорочен и долгорочен план за намалување на аерозагадувањето. Започна процесот на аеросолизација, а паралелно се посадуваат и нови садници кои треба да го озеленат градот.

Leave a Reply