Кумановската болница ќе се гасифицира следната година

Сподели со своите пријатели

Приоритет за Министерството за здравство на почетокот на 2019 година ќе биде гасификацијата на кумановската Општа Болница, изјави денеска министерот Венко Филипче присуствувајќи на вежба за справување во кризни состојби на институциите во Куманово.

Како што истакна за гасификацијата ќе биде издвоен посебен дел од буџетот поради тоа што гасот е веќе пристигнат до болницата.

– Свесни сме за важноста на гасификацијата како во однос на загадувањето, така и во однос на економичност на работењето на кумановската болница, изјави Филипче.

Јавното претпријатие „Куманово гас“ и Општина Куманово се подготвени во секој момент да испорачаат доволна количина на гас на болницата вели градоначалникот Максим Димитриевски.

– Најважно е финансирањето во делот на внатрешната инсталација на болницата која чини многу повеќе во однос на донесување на самата гасоводна мрежа до локацијата. Тоа е реално остварлив проект кој заедно ќе го реализираме следната година и се надевам дека веќе следната година градската болница ќе го користи гасот како енергенс со што ќе постигнеме и еколошки ефект, бидејќи главната мерна станица за воздухот е токму лоцирана во градската болница, во непосредна близина на затоплувањето, кое во моментот се одвива на мазут и поради тоа имаме ефект од мерењата кои покажуваат многу високи резултати, изјави Димитриевски.

Болницата е еден од најголемите загадувачи на воздухот во Куманово и се очекува гасификацијата на објектот да го намали овој проблем во градот.

Leave a Reply