Тајмс за снимката од убиството на руските војници: „Изгледа дека се убиени од непосредна близина“

Сподели со своите пријатели

Серија видеа објавени на социјалните мрежи минатата недела, на кои се гледа предавањето на руските војници и нивните мртви тела набргу потоа, предизвика дебата за тоа дали украинските сили извршиле воени злосторства или дејствувале во самоодбрана.

Loading...

Видеата покажуваат страшни сцени во кои најмалку 11 Руси, од кои повеќето се гледаат како лежат на земја, се чини дека се убиени од непосредна близина откако еден од нивните колеги борци ненадејно отворил оган врз украинските војници, пишува Њујорк Тајмс.

Истрага на ОН

Досега и Москва и Киев зборуваа за снимките, обвинувајќи се меѓусебно за воени злосторства.

Русите ги обвинуваат украинските сили дека „безмилосно пукале во невооружени руски воени заробеници“, а украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец вели дека руските војници отвориле оган при предавањето.

„Њујорк тајмс“ успеа да ја потврди автентичноста на снимките кои првпат беа обелоденети во украинските медиуми и социјалните мрежи.

„Свесни сме за видеата и ги истражуваме“, изјави за Ројтерс во петокот Марта Хуртадо, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.

„Треба навремено, целосно и ефективно да се истражат наводите за скратени егзекуции, а сите сторители треба да одговараат“, вели таа.

Убиствата се случиле откако украинската армија го врати селото Макиевка во областа Луганск во средината на ноември.

Loading...

Со споредување на видеата со сателитски снимки, „Тајмс“ потврди дека тие се снимени на фарма во селото.

Инцидентот го снимиле два извора, неименуван украински војник кој со својот мобилен телефон снимал видео-дневници од битката за Макиивка и дрон со кој најверојатно управувале украинските сили кои ја следеле офанзивата.

„Изгледа дека се застрелани во главата“

На видеата се гледа како руски војници излегуваат од зграда и се редат со украинската војска, а последниот од нив почнал да пука во еден од украинските војници.

Видеото завршува и не е јасно што се случило потоа, додека на друга воздушна снимка од локацијата се гледаат мртви руски војници.

На неа руски војници лежат неподвижни, очигледно мртви, повеќето во положбата во која биле кога се предале.

„Изгледа дека повеќето од нив се застрелани во главата“, рече др. Рохини Хар, медицински советник за човекови права.

„Има локви крв. Тоа покажува дека тие биле оставени таму мртви. Се чини дека немало обид да ги соберат или да им помогнат“.

Хаар забележал дека во моментот на предавањето, руските војници лежат, очигледно невооружени, со испружени раце или зад главите.

Loading...

„Тие се сметаат за лица надвор од борба или неборци – ефективно воени затвореници“, рече Хаар.

Снимките се МНОГУ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ и можете да ги погледнете ТУКА и ТУКА!

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.