Тајланд: Ветер урна покрив на училиште, загинаа четири деца, родител и училишен работник

Сподели со своите пријатели

Шест лица, меѓу кои четири деца, загинаа во понеделникот кога бурните ветрови го урнаа металниот покрив на основно училиште во северниот дел на Тајланд.

Loading...

Официјални лица објавија дека 18 лица се хоспитализирани, јавува Асошиејтед прес.

Како што наведоа, загинаа еден родител, чистачка во училиште и четири деца.

Учениците побарале засолниште од невремето под покривот на центарот за специјални активности во училиштето, кој се урна, соопшти канцеларијата за заштита од природни катастрофи во провинцијата Фишит.

Метеоролозите претходно предупредија дека обилните дождови ќе ги погодат северните делови на Тајланд оваа недела, а понеделник беше официјалниот почеток на сезоната на дождови во јужноазиската земја.