Град со големина на тениско топче оштети авион во Италија (ФОТО)
Патнички авион кој летал од Милано за Њујорк морал принудно да слета во Рим, откако вчера по полетувањето од аеродромот Малпенса го погодило невреме со град. Авионот, управуван од „Делта ер лајнс“, претрпел оштетувања на носот, трупот и крилата, јавуваат италијанските медиуми. Во инцидентот нема повредени, соопшти „Делта ер лајнс“.Прочитај повеќе










