Филипини: Илјадници евакуирани поради тајфунот Доксури

Сподели со своите пријатели

Илјадници луѓе се евакуирани на Филипините поради тајфунот Доксури, кој се приближува кон северот на земјата, јавува Anadolu.

Loading...

Филипинската метеоролошка служба соопшти дека се очекува тајфунот да падне на копно во северозападните области Јагајан и Батанес.

Властите предупредија дека тајфунот може да донесе обилни дождови во градовите долж својата рута, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето на копно и бранови од три метри во океанот.

Владата на Филипините иницираше евакуација на илјадници луѓе поради тајфунот, додека наставата во училиштата беше прекината на три дена.

Во некои области, поморскиот сообраќај е привремено прекинат.

Се очекува тајфунот да се движи северозападно, а од јужниот дел на Тајван ќе стигне до Кина.

Воената вежба „Хан Куанг“, која секоја година ја организира војската на Тајван, по првиот ден е откажана поради неповолните временски услови.

Бранови достигнаа височина од 2,5 метри во југоисточен Тајван, каде се наоѓа цивилниот аеродром на кој се изведуваше вежбата.

Loading...