Израелските сили убиле тројца Палестинци во Наблус

Сподели со своите пријатели

Израелските сили денеска убија тројца Палестинци во Наблус на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.

Loading...

„Тројца Палестинци се убиени во израелски вооружен напад во Наблус“, соопшти Министерството, додавајќи дека нивниот идентитет се уште е непознат.

Израелската армија од своја страна спомена тројца „вооружени терористи“ кои отвориле оган врз нејзините војници од возило во Наблус.

Армијата додаде дека возвратила со оган што ги „неутрализирала“.

Војниците заплениле и три пушки М16, едно огнено оружје и воена опрема, се наведува во соопштението на израелските вооружени сили.

Најмалку 201 Палестинец се убиени од почетокот на годината во насилство поврзано со израелско-палестинскиот конфликт, како и 27 Израелци, Украинец и Италијанец, според АФП и официјални извори.

Оваа статистика вклучува, од палестинска страна, борци и цивили, а од израелска страна најмногу цивили и тројца припадници на арапското малцинство.