Магионичар од Англија осуден на 30 години. Силувал 7 девојчиња, едното имало 2 години

Сподели со своите пријатели

Магионичар, детски аниматор и мормон Пол Меки (57) е осуден на 30 години затвор откако судот во Англија го екстрадирал од Тајланд поради силување на голем број малолетнички, од кои едната останала бремена.

Loading...

Меки, чие уметничко име било професор Паулос, беше осуден за 13 сексуални престапи и сексуално злоставување на седум девојчиња во период од 24 години.

Тајландските власти го екстрадираа Мекки во Велика Британија.

Обвинетиот има сопруга и мала ќерка во Тајланд, а во текот на судењето ги негираше сите обвинувања.

Осудувајќи го МекКи, судијата Дејвид Свинертон рече дека тој бил многу манипулативен и физички насилен човек.

Силувал дете од само две години

„Вашето однесување е предаторско во текот на многу години. Дома создадовте средина во која децата сакаа да дојдат. Имавте животни – свиња, мајмуни. Организиравте забави. Работевте како забавувач за деца во одморалиштата, бевте познат како професор Паулос“, рекол судијата, а пренесува Дејли мејл.

„Свесно избравте да работите на позиции кои ќе ве доведат во контакт со децата. Исто така, откако се преселивте во Тајланд, поминавте некое време во училиште“, додаде тој.

Мекки снимил некои негови злоставувања, а во текот на судењето се дозна дека едната жртва имала само две години, а другата, која почнал да ја злоставува кога имала 14 години, останала бремена.

Loading...

Девојчето на кое ѝ направил дете раскажало како се сеќава на ноќта кога забременила затоа што ја врзал и ја силувал.

Како и другите жртви, тој во неколку наврати ја силувал малолетничката.