Војна во Украина (Page 696)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не верува дека санкциите што ги воведе Киев против рускиот претседател Владимир Путин и другите руски политичари бараат одговор од Москва. „Мислам дека не вреди конкретен чекор од наша страна, нека си играат децата, да не плачат“, изјави Лавров на новинарите. За потсетување,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека двајцата Британци и Мароканец, кои во четвртокот беа осудени на смрт во самопрогласената Народна Република Доњецк, извршиле злосторства на територијата на ДНР. „Во моментов тековните судења се во надлежност на судовите и законите на ДНР, бидејќи злосторствата за кои сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен го критикуваше одговорот на Западот на војната во Украина на демократскиот самит на Алијансата на демократиите во петокот во Копенхаген. Зборувајќи за руската инвазија на Украина, Расмусен рече дека е „тешко да се поверува што се случува“. „Тоа може да се случи.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Утрово Министерството за одбрана на Велика Британија објави дневни разузнавачки информации за војната во Украина и посочи дека на Мариупол му се заканува епидемија на колера. Би-Би-Си се обиде да објасни како дошло до ова Пристанишниот град во јужна Украина падна во рацете на руските сили минатиот месец, по долгатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Веб-услугите на Amazon (AVS) им помогнаа на украинските министерства и приватни компании да пренесат повеќе од 10 петабајти податоци на клауд (облак) по конфликтот во Украина. AVS ќе пренесе повеќе од 10 петабајти (10 милиони гигабајти) основни податоци од 27 украински министерства, 18 универзитети, најголемото Украинско училиште за учење наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Семејствата на двајцата Британци осудени на смрт од судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР) по борбите во Украина денеска побараа од британската и украинската влада да направат се што можат за да ги вратат Ејден Аслин (28) и Шон Пинер (48) дома. Во соопштението на семејството на Аслин сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот суд ги осуди Мароканците Брахим Саудун и двајцата британски државјани, Ајден Аслин и Шон Пинера, на смрт поради борби на украинската страна. Рускиот суд ги обвинува дека се дел од армија составена од „странски платеници“. Тие се обвинети и за обид за преземање на власта со сила и обукаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ниту една железна завеса нема да падне на руската економија и покрај санкциите воведени од Западот. Русија, еден од најголемите светски производители на природни ресурси, се соочува со најголемата економска контракција од падот на Советскиот Сојуз во 1991 година. Запрашан за можни договори соПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија се обидува да најде слаби точки во украинската одбрана во близина на реката Северски Донец во источна Украина, изјави денеска портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник. Тој за украинската телевизија изјави дека руските сили не се откажале од обидот да започнат јуришни операции во областа, пренесува Ројтерс.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на украинската воена разузнавачка служба Вадим Скибицки изјави дека украинските сили ја потрошиле речиси целата своја артилериска муниција и дека се потпираат на оружје од Запад. „Ова сега е артилериска војна, а ние губиме кога станува збор за артилерија“, изјави Скибицки за Гардијан, нагласувајќи дека „сега сè зависи одПрочитај повеќе