Амазон ги чува податоците на украинската влада

Сподели со своите пријатели

Веб-услугите на Amazon (AVS) им помогнаа на украинските министерства и приватни компании да пренесат повеќе од 10 петабајти податоци на клауд (облак) по конфликтот во Украина.

Loading...

AVS ќе пренесе повеќе од 10 петабајти (10 милиони гигабајти) основни податоци од 27 украински министерства, 18 универзитети, најголемото Украинско училиште за учење на далечина К-12 (што опслужува стотици илјади раселени деца) и десетици компании од приватниот сектор.

Во моментов има 61 миграција на податоци од украинската влада во АВС, а се очекува да има повеќе“, објави компанијата Амазон, пренесува Укринформ.

Миграција на податоци е термин кој се однесува на процесот на преместување податоци од еден систем или логичка партиција во друга.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД во сабота ќе гласаат за законот за воена помош за Украина

Пред конфликтот со Русија, украинскиот закон бараше одредени државни податоци и избрани податоци од приватниот сектор да се чуваат на сервери физички лоцирани во Украина.

Една недела пред руската армија да започне со акциите во Украина, парламентот на земјата усвои закон со кој се дозволува пренос на податоци од владата и приватниот сектор на облакот.

За да се постигне тоа, украинското раководство објави јавен повик за помош, а веб сервисот Амазон (АВС) беше меѓу првите организации кои се јавија да помогнат, пренесува Танјуг.

Три дена по почетокот на конфликтот, експертите на AVS почнаа да пренесуваат податоци на нивниот робустен компјутер и хардвер за складирање.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Колку руски војници загинале од почетокот на војната во Украина?

„AVS е почестен да работи заедно со украинската влада и други приватни и јавни организации за да им помогне на народот на Украина“, соопшти Amazon, според Ukrinform.