Војна во Украина (Page 429)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на украинската влада и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии, Ирина Верешчук, денеска ги повика цивилите веднаш да го евакуираат Бахмут. – Апелирам до цивилите кои сѐ уште се во Бахмут… мора веднаш да се евакуирате“, напиша таа на нејзиниот канал на Телеграм. Според неа, во градот останалеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Украина, на 359-от ден од почетокот на руската инвазија, сѐ уште се водат најжестоки борби околу Бахмут, на истокот на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руската пролетна офанзива веќе започнала. Русија во петокот изврши масовен ракетен напад врз клучните инфраструктурни и воени цели низ целата земја, соопштијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руската амбасада во Вашингтон денеска ги осуди изјавите на американскиот заменик државен секретар за политички прашања, Викторија Нуланд, дека „САД ги поддржуваат нападите на Украина врз воените објекти на Крим и дека тоа се легитимни цели“, и додаде дека таквата позицијата е јасна потврда дека САД се директно вклучени воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Заменик-државниот секретар на САД за политички прашања Викторија Нуланд изјави дека САД ги поддржуваат нападите на Украина врз воените објекти на Крим и дека тоа се легитимни цели, пренесува ТАСС. „Украина нема да биде безбедна доколку Крим не се демилитаризира“, рече Нуланд за време на видео дискусија организирана од ФондацијатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Нема мир во руско-украинскиот конфликт. Судирите продолжија доцна синоќа и рано утринава, најпрвин силни детонации одекнаа во Харков, а потоа украинската војска го нападна Белгород. Управата на градот Харков соопшти дека руски ракети паднале врз градот во четвртокот доцна навечер и во средата рано наутро. Засега нема информации дали стануваПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Милијардерот, финансиерот Џорџ Сорос, во четвртокот изјави дека ако Русија биде поразена во војната во Украина, тоа ќе резултира со колапс на, како што рече, „руската империја“, што според него ќе биде добредојдено од поранешните советски републики. Руската инвазија на Украина на 24 февруари го предизвика еден од најсмртоносните конфликтиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку еден цивил загина, а голем број куќи се уништени во новите руски напади врз Украина, соопштија украинските власти. Според податоците на украинската армија, соборени се 16 од 32 ракети кои Русија ги лансираше во текот на ноќта од авиони и бродови во Црното Море. „Имаше напади во регионите наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Околу 1,1 милион бегалци пристигнале во Германија од Украина минатата година, со што го надминале приливот на мигранти од Блискиот Исток од 2014 до 2016 година, објави денеска германската статистичка служба. Според извештаите, две третини од имигрантите од Украина пристигнале во првите три месеци по руската инвазија на таа земја,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Newsweek објави видео од уништување на руско оружје за кое тие тврдат дека би можело да биде термобаричен ракетен систем. Видеото од уништувањето го сподели и Некста, а се тврди дека оружјето е уништено некаде на истокот на Украина, во провинцијата Донбас. Забрането оружје Веќе се зборуваше за Русите иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, тврди дека Русија планира масовен напад на 24 февруари, годишнината од нападот врз Украина. Данилов рече дека Украина е подготвена за нападите, пренесува Униан. „Ние сме подготвени за тоа. Мислам дека веќе знаеме што се такви напади, откакоПрочитај повеќе