РАКЕТНИ ДУЕЛИ: Русите го нападнаа Харков, а Украинците Белгород (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нема мир во руско-украинскиот конфликт. Судирите продолжија доцна синоќа и рано утринава, најпрвин силни детонации одекнаа во Харков, а потоа украинската војска го нападна Белгород.

Loading...

Управата на градот Харков соопшти дека руски ракети паднале врз градот во четвртокот доцна навечер и во средата рано наутро.

Засега нема информации дали станува збор за тактички балистички ракети Искандер М или крстаречки ракети.

Украински извори наведуваат дека станува збор за ракети од системот за воздушна одбрана С-300 или С-400, кои се користат за гаѓање копнени цели.

Од друга страна, има индиции дека биле користени и беспилотни летала камикази Геран.

Единствено беше објавено дека примарна цел биле објектите од критичната инфраструктура.

Податоците за материјална штета и цивилни или воени жртви се класифицирани како доверливи, напиша Олег Синегубов, шеф на регионот Харков.

Но, Украинците, пак, не им останаа должни на Русите, па го нападнаа Белгород. Како што пренесуваат медиумите, над градот одекнале седум експлозии.

Loading...

Има навестувања дека покрај артилерија биле користени и ракети лансирани од ракетниот систем ХИМАРС, како и дека над градот биле активни руските сили за воздушна одбрана.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.