Украина ги повика сите цивили веднаш да го напуштат Бахмут

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на украинската влада и министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии, Ирина Верешчук, денеска ги повика цивилите веднаш да го евакуираат Бахмут.

Loading...

– Апелирам до цивилите кои сѐ уште се во Бахмут… мора веднаш да се евакуирате“, напиша таа на нејзиниот канал на Телеграм.

Според неа, во градот останале 6.000 цивили, пренесува ТАСС.

Украина вчера ги евакуираше архивите од локалните државни институции во Бахмут.

Руските сили успеаја да пресечат три од четирите патишта кои украинската армија ги користи во градот за транспорт на засилување и муниција, јави ТАСС.

Жестоки борби меѓу руските и украинските сили се водат околу Бахмут, во областа Доњецк, во источна Украина, а градот е важен сообраќаен центар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.