Руската амбасада во Вашингтон ги осуди изјавите на Нуланд за Крим

Сподели со своите пријатели

Руската амбасада во Вашингтон денеска ги осуди изјавите на американскиот заменик државен секретар за политички прашања, Викторија Нуланд, дека „САД ги поддржуваат нападите на Украина врз воените објекти на Крим и дека тоа се легитимни цели“, и додаде дека таквата позицијата е јасна потврда дека САД се директно вклучени во конфликт.

Loading...

„Висок функционер на американската администрација признава дека САД ги охрабруваат амбициите на режимот во Киев да ја нападне нашата земја“, изјави портпаролот на руската амбасада во Вашингтон, Игор Гиренко, пренесува ТАСС.

Во соопштението тој додаде дека тоа не е само реторика на Вашингтон и дека САД активно го снабдуваат Киев со модерни системи кои се користат за таргетирање на руските региони преку конкретни акции.

„Тие ги советуваат украинските воени лидери. Де факто, тие планираат операции заедно“, рече Гиренко.

Тој додава дека Москва ја смета позицијата на заменик-секретарот за нескриена манифестација на воинствениот однос на САД кон Русија.

„Конечно, треба да стане очигледно за целата меѓународна заедница дека САД се вистинскиот двигател на конфронтацијата во Украина. Сепак, обидите на Вашингтон да ги искористи Украинците за да ни нанесат стратешки пораз се осудени на неуспех. Никој не може да има најмал сомнеж дека Русија ќе ги заштити своите граѓани и територија“, нагласи Гиренко.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.