Повеќе од милион бегалци од Украина пристигнале во Германија

Сподели со своите пријатели

Околу 1,1 милион бегалци пристигнале во Германија од Украина минатата година, со што го надминале приливот на мигранти од Блискиот Исток од 2014 до 2016 година, објави денеска германската статистичка служба.

Loading...

Според извештаите, две третини од имигрантите од Украина пристигнале во првите три месеци по руската инвазија на таа земја, односно помеѓу март и мај минатата година.

Податоците беа објавени во пресрет на една година од почетокот на инвазијата на 24 февруари, која доведе до раселување на милиони Украинци, пренесува Танјуг.

Со исклучок на оние кои се вратија во Украина, минатата година во Германија останаа 962.000 украински бегалци, што е повеќе од вкупно 834.000 кои дојдоа од Сирија, Авганистан и Ирак во периодот од 2014 до 2016 година.

Институтот соопшти дека тоа ги направи граѓаните на Украина втора по големина иселеничка заедница во Германија по турските граѓани, објави Ројтерс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.