Палестина (Page 147)

Палестина, е држава во Западна Азија. Официјално е управуванa од Палестинската ослободителна организација (ПЛО) и има право на Западниот Брег и Појасот Газа.

Државата е признаena од 138 од 193-те членки на ОН и од 2012 година има статус на земја набљудувач нечленка во Обединетите нации.

Според Централно биро за статистика, земјата имала население од 4.420.549 луѓе во 2013 година. 93% од жителите  се муслимани, од кои огромното мнозинство се следбеници на сунитската гранка на исламот.

Земјата е поделена на шеснаесет административни поделби.

Актуелен претседател е Махмуд Абас, кој со државата владее од 2004 година.

Во продолжение сите вести од Палестина.

Сподели со своите пријатели

Израелските сили извршија напади рано наутро врз Појасот Газа, откако беа истрелани ракети од областа, соопшти армијата, еден ден по рацијата во градот Наблус во која во судирите загинаа 11 Палестинци, а повеќе од 100 беа ранети. Израелската армија соопшти дека рано утринава биле истрелани шест ракети од Појасот Газа,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израел синоќа изврши воздушни напади врз воен комплекс на Хамас во Газа како одговор на ракета истрелана од палестинска територија, соопшти израелската војска. Палестинската Црвена полумесечина соопшти дека едно лице загинало во израелски воздушен напад пред зори во Наблус, во северниот дел на Западниот Брег, каде борбите се водат веќеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израелските сили убиле палестински тинејџер за време на рација рано наутро во вторникот на окупираниот Западен Брег. „Хамза Амџад ал Ашкар (17) бил застрелан во лицето од израелски војници во Наблус“, соопшти палестинското Министерство за здравство, пренесува Анадолија. Во соопштението се додава дека бројот на убиени Палестинци од израелските силиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Окупираниот Западен Брег сега е дом на повеќе од половина милион еврејски доселеници, објави група за поддршка, а нивните лидери предвидуваат уште побрз раст под новата израелска ултра-националистичка влада. Како што е наведено, популацијата на еврејските доселеници порасна на 502.991 од 1 јануари, што е зголемување од 2,5 отсто заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израелската војска соопшти дека извршила напад врз Појасот Газа во текот на ноќта, неколку часа откако пресретнала ракета истрелана од областа. Во соопштението се вели дека воздушните напади биле насочени кон локациите за производство на ракети и оружје што ги користи Хамас како одговор на нападот извршен од милитантната групаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир во понеделникот вети дека ќе се заложи за смртна казна со електричен стол за Палестинците вклучени во нападите врз Израелците, јавува Анадолија. „Секој што убива, повредува и коле цивили треба да биде испратен на електрична столица“, рече Бен-Гвир за време на состанокот наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Европската унија внимателно ја следи ситуацијата во Ерусалим, по неколку дена обележани со насилство, и ги повикува Израел и Палестинците да спречат нова ескалација на конфликтот, изјави Петер Стано, портпарол на ЕУ за надворешна политика. Тој посочи дека ЕУ е многу загрижена за најновите тензии и ги повикува двете страниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси за начините за деескалација на тензиите меѓу Израел и Палестина, како дел од неговата тридневна посета на земјите од Блискиот Исток. По пристигнувањето во Египет, Блинкен рече дека сака да го зајакне „стратешкото партнерство“ меѓу ВашингтонПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Израелските сили денеска убија Палестинец во градот Хеброн на окупираниот Западен Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство. Министерството соопшти дека Палестинецот Насим Абу Фуда (26) бил убиен во Хеброн, кој често бил центар на судири меѓу израелската армија и Палестинците. Убиството се случи во време на растечко насилство на ЗападниотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско ги повика Израел и Палестинците на дијалог во потрага по мир и го осуди неодамнешното насилство во регионот. По неделната молитва Ангел Господов во Рим, Папата рече дека е длабоко тажен од веста за убиените Палестинци во израелските антитерористички операции и смртта на израелските Евреи во нападот наПрочитај повеќе