Блинкен со Сиси за деескалација на тензиите меѓу Израел и Палестина

Сподели со своите пријатели

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска разговараше со египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси за начините за деескалација на тензиите меѓу Израел и Палестина, како дел од неговата тридневна посета на земјите од Блискиот Исток.

Loading...

По пристигнувањето во Египет, Блинкен рече дека сака да го зајакне „стратешкото партнерство“ меѓу Вашингтон и Каиро, кој е американски воено-трговски партнер и посредуваше во израелско-палестинскиот конфликт во минатото, пренесува Ројтерс.

Блинкен се среќава со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри и подоцна денеска ќе отпатува за Ерусалим на разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради загриженоста дома и во странство за политиката на новата израелска десничарска влада.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 10 лица загинаа во израелското бомбардирање на Појасот Газа

Блинкен потоа ќе отпатува за Рамала за да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас. На состанокот со Сиси, Блинкен разговарал и за регионални прашања, вклучувајќи ги и напорите за постигнување договор меѓу ривалските фракции во Либија, се вели во соопштението објавено од портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс.