Бројот на еврејски доселеници на Западниот Брег надмина половина милион

Сподели со своите пријатели

Окупираниот Западен Брег сега е дом на повеќе од половина милион еврејски доселеници, објави група за поддршка, а нивните лидери предвидуваат уште побрз раст под новата израелска ултра-националистичка влада.

Loading...

Како што е наведено, популацијата на еврејските доселеници порасна на 502.991 од 1 јануари, што е зголемување од 2,5 отсто за 12 месеци и за речиси 16 отсто во последните пет години.

Таквата бројка се смета за пресвртница, а е забележана во време кога новата влада на Израел, составена од ултранационалистички партии кои се противат на палестинската државност, го стави проширувањето на еврејските населби на врвот на својата листа на приоритети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Објавени снимки од нуклеарниот објект во Исфахан по нападот од Израел

Таа влада веќе најави легализација на дивите населби и дека ќе го забрза издавањето дозволи и ќе ја зголеми изградбата на куќи за еврејските доселеници низ Западниот Брег.

Барух Гордон, директор на групата за застапување на еврејските доселеници, предвиде дека ќе има повеќе изградба отколку во изминатите две децении.

Еврејските населби се проширија под секоја израелска влада, дури и во екот на мировниот процес во 1990-тите.

А претходната израелска влада, во која беа вклучени партии кои го поддржуваат формирањето на независна Палестина и оние кои се против, продолжи да гради населби.

Извештајот за бројот на еврејските доселеници беше објавен во време на зголемено насилство во регионот, а по посетата на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој изрази поддршка за независна палестинска држава, пренесува АП и Бета.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Саудиска Арабија реагираше на неуспешното усвојување на резолуцијата за прием на Палестина во ОН

Бројот на доселеници продолжи да расте за време на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден и покрај постојаните апели на Американците да се запре изградбата по завршувањето на мандатот на претходникот на Бајден, Доналд Трамп, кој не се мешаше.

Извештајот за бројот на еврејски доселеници не ги вклучува повеќе од 200.000 Евреи кои живеат во анектираниот Источен Ерусалим.

Три милиони Палестинци живеат на Западниот Брег и Источен Ерусалим.

Израел ги освои Западниот Брег и Источен Ерусалим заедно со Појасот Газа во војната во 1967 година.

Палестинците се стремат да основаат сопствена независна држава на сите овие територии.