Ракетен напад од Појасот Газа, Израел возврати: Убиени четворица цивили

Сподели со своите пријатели

Израелските сили извршија напади рано наутро врз Појасот Газа, откако беа истрелани ракети од областа, соопшти армијата, еден ден по рацијата во градот Наблус во која во судирите загинаа 11 Палестинци, а повеќе од 100 беа ранети.

Loading...

Израелската армија соопшти дека рано утринава биле истрелани шест ракети од Појасот Газа, од кои пет биле пресретнати од системи за противвоздушна одбрана, додека една паднала на отворен простор, пренесува Ројтерс.

Набргу потоа се слушнаа експлозии во Газа, а војската соопшти дека погодила цели во Газа, но не даде повеќе детали.

Израелските војници во средата убиле 11 Палестинци, меѓу кои најмалку четворица вооружени лица и четворица цивили, а раниле повеќе од 100 луѓе за време на рација во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, изјавија очевидци, милитантни групи и медицински претставници.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел ја нападна и Сирија

Израелската армија ја потврди операцијата во Наблус и соопшти дека војниците возвратиле додека се обидувале да ги уапсат милитантите, кои се осомничени дека планирале да извршат напади.

Според армиското соопштение, нема израелски жртви.

Палестинската милитантна фракција Исламски џихад соопшти дека израелските војници опколиле двајца нејзини команданти во Наблус во една куќа, што предизвика судир во кој учествувале повеќе вооружени лица.

Според Ројтерс, загинале и четворица цивили, меѓу кои 72-годишен маж и 14-годишно момче.

Loading...