Општина Куманово (Page 14)

Општина Куманово е општина во североисточниот дел на Република Македонија.

Административен центар е градот Куманово.

Општината содржи вкупно 46 села и населени места: Агино Село, Бедиње, Бељаковце, Биљановце, Брзак, Вак’в, Винце, Воиновиќ, Габреш, Горно Коњаре, Градиште, Д’лга, Доброшане, Довезенце, Долно Коњаре, Живиње, Зубовце, Јачинце, Карабичане, Клечевце, Кокошиње, Колицко, Косматац, Костурник, Кутлибег, Кучкарево, К’шање, Лопате, Љубодраг, Мургаш, Ново Село, Новосељане, Орашац, Пезово, Пчиња, Режановце, Речица, Романовце, Скачковце, Сопот, Студена Бара, Сушево, Табановце, Тромеѓа, Умин Дол, Черкези (село), Четирце и Шупљи Камен.

Градоначалник е Максим Димитриевски кој првиот мандат го доби како член на партијата СДСМ, а вториот како независен кандидат зао движењето „За наше Куманово“.

Во продолжение сите вести од работењето на Општина Куманово.

Сподели со своите пријатели

Секторот за култура и спорт при Општина Куманово објави јавен повик за прибирање предлог- проекти за организирање на културни манифестации за 2024 година. Како што информираше раководителот на секторот, Александар Крстевски, критериумите, потребната документација, начинот на доставување на барањата детално се објаснети во повикот објавен на веб страната на општината.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово денеска оствари средба со кик боксерот Данило Методиевски и неговиот тренер Јован Крстевски, кои од 27.09 до 01.10.2023 година учествуваа на Светски кик-бокс куп во Лидо ди Јесоло, Италија.     На средбата градоначалникот Максим Димитриевски му честиташе на Данило Методиевски за освоениот сребрен медал, соПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и годинава, по повод 11-ти Ноември – Денот на ослободувањето на градот, ќе ја додели Ноемвриската награда, како највисоко општествено признание што се доделува за посебни достигнувања во одредени области. Право на предлагање на кандидати имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци, информираат од КомисијатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Почна тампонирање на патот во кумановското село Шупли Камен, информираа денеска надлежните од одделението за комунални дејности од општина Куманово. – Ќе се тампонираат 1, 4 километри од патот во ова населено место по барање на жителите. Градежните активности ги извршува избрана компанија, изјави помошникот раководител на одделението, Момчило Јовановски.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Заврши изградбата на четири детски катчиња во Куманово, објавија надлежните. – Поставени се четири нови детски катчиња кај локалитет „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во Черкези, објави градоначалникот Максим Димитриевски.     Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градскоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во понеделник и вторник ќе изврши третмани за дезинсекција на повеќе локации. Како што информираат од локалната самоуправа во понеделник од 05:00 часот ќе започне третман против крлежи и црна бубашваба ќе биде извршен на „Октомвриска револуција„ (за маркет „Стокомак„ и локација К4 згради) Паралелно ќе се вршатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на детско катче на улицата „Есперанто“ во Куманово, соопштија денеска надлежните. Ова е едно од четирите детски катчиња кои ќе се градат на четири различни локации во Куманово. Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкези. Општината од буџетот одвоиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово информира дека ќе изврши ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини. Дезинсекцијата ќе се изврши во понеделник (10.07.2023 година) во период од 08:00 до 14:00 часот во селата Речица, Клечовце, на „Индустриска улица“ кај месноста викано Бара, во населбата „Ајдучка чешма“, по течението на реките Којнарка иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска со покана бил повикан на службен разговор во Секторот за внатрешни работи. Како што рече самиот на прес конференција, причина  за поканата бил предмет поврзан со исплата на плати и надоместоци за лица вработени во општината, а по анонимно доставена пријава. Димитриевски наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово размислува да го продолжи субвенционирањето проектот за бесплатен автобуски превоз во градот. Ова го потврди претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која истакна дека на следната седница ќе биде презентирана изготевна анализа за тоа колку граѓаните ја користат услугата. – На оваа седница на Совет ќеПрочитај повеќе