Општина Куманово објави повик за предлози за Ноемвриска награда

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово и годинава, по повод 11-ти Ноември – Денот на ослободувањето на градот, ќе ја додели Ноемвриската награда, како највисоко општествено признание што се доделува за посебни достигнувања во одредени области.

Loading...

Право на предлагање на кандидати имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци, информираат од Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди во Советот на Општина Куманово.

Според Одлуката, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претпријатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие што дело, односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период. Делата односно достигнувањата треба да бидат достапни на јавноста до 11-ти Октомври, а авторот на делото да биде жител на општината, претпријатието, установата, заедницата да се од Куманово, а делата и постигнувањата треба тематски да бидат врзани за градот.

Предлозите со образложение во писмена форма се доставуваат до Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31-ви октомври годинава.

Инаку, минатата година добитници на највисокото општествено признание за врвни достигнувања на поединци, група граѓани или претпријатија беа Витомир Митевски, член и раководител на центар во МАНУ, Синиша Кашавелски, дипломиран ликовен уметник, хирургот д-р Зоран Ѓорѓиевски, просветниот работник Садри Акифи, и дипломираниот правник, професор и тренер по физичка култура и пожарникар Сашо Илиевски.

Од правните лица добитници на наградата беа Кентаур Импекс ДООЕЛ Скопје, подружница „Искра Куманово“ и „АЛФИ Би“ компани Куманово.

Ноемвриската награда како највисоко општинско признание за прв пат е доделена во 1967 –та година.