Се гради детско катче на улицата „Есперанто“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна изградбата на детско катче на улицата „Есперанто“ во Куманово, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Ова е едно од четирите детски катчиња кои ќе се градат на четири различни локации во Куманово.

Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкези.

Општината од буџетот одвои 4.735.812 денари со вклучен данок на додадена вредност. На тендерот е избрана кумановската компанија „Арс Дизајн дооел“.

 

 

Надлежните очекуваат изградбата да заврши наскоро на сите локации за да можат децата да уживаат.

Loading...

Општината размислува за можностите за зачувување на опремата која постојано е мета на вандали.

Неколкуте детски катчиња речиси целосно се уништени во Куманово, особено на градскиот кеј и кај Соколана.

МИА