Дезинсекција против комарци на застоени води во Куманово во понеделник

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово информира дека ќе изврши ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини.

Loading...

Дезинсекцијата ќе се изврши во понеделник (10.07.2023 година) во период од 08:00 до 14:00 часот во селата Речица, Клечовце, на „Индустриска улица“ кај месноста викано Бара, во населбата „Ајдучка чешма“, по течението на реките Којнарка и Кумановка, кај локација „Толи Зордумис“.

Наредниот ден ќе биде извршена адултицидна дезинсекција, против возрасни форми на комарци. Третманот ќе се врши на територија на општина Куманово.

– Доколку временските услови не дозволат да се извршат третманите, дезинскецијата ќе се одложи за наредниот ден, велат од општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бранителот Бобан Трајковски доби мурал во Куманово (ФОТО+ВИДЕО)

Ова е прва фаза од дезинсекција која се спроведува два пати годишно во неколку наврати. Општината во средината на јуни, годинава склучи договор со избрана компанија „Плант медика“ за извршување услуги за запрашување против инсекти, дезинсекција дератизација против крлежи, комарци во вредност од 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

Со посебен тендер избрана е компанија „Бониер“ за авионска дезинсекција и за оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 1.038.400,00 денари со вклучен данок на додадена вредност.

МИА