Ѓорѓиевска: Бесплатниот автобуски превоз треба да продолжи до крајот на годината

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово размислува да го продолжи субвенционирањето проектот за бесплатен автобуски превоз во градот.

Loading...

Ова го потврди претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која истакна дека на следната седница ќе биде презентирана изготевна анализа за тоа колку граѓаните ја користат услугата.

– На оваа седница на Совет ќе се најде информација во врска со превозот, што досега се реализира. Показателите се многу добри, субвенционирањето на градскиот јавен превоз се докажа како една од поуспешните мерки кои ги изгласавме како Совет на Општина Куманово, вели таа.

Ѓорѓиевска смета дека треба до крајот на годината да продолжи субвенционирањето на градскиот превоз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

– Што се однесува до мојот став, субвенционирањето треба да продолжи до крајот на годината, не само поради економските причини, туку едноставно да се развие навика да се користи јавниот превоз кај граѓаните, додава таа.

Изготвената анализа, посочува Ѓорѓиевска, посочува колку граѓаните го користат јавниот превоз, а содржи и препораки на Комисијата до општината и превозниците како да се подобри услугата.

Според Ѓорѓиевска, со бесплатниот јавен превоз досега е забележано и намалување на сообраќајниот метеж во Куманово.

Инаку, според досегашните одлуки на Советот, граѓаните можат да користат бесплатен јавен превоз до септември.

Loading...

Никола Ивановски