Дезинсекција на повеќе локации во Куманово следната недела

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во понеделник и вторник ќе изврши третмани за дезинсекција на повеќе локации.

Loading...

Како што информираат од локалната самоуправа во понеделник од 05:00 часот ќе започне третман против крлежи и црна бубашваба ќе биде извршен на „Октомвриска револуција„ (за маркет „Стокомак„ и локација К4 згради)

Паралелно ќе се вршат и третман против црна бубашваба на локација на двата градски плоштада, како и третман против крлежи на локација кошеви во населба „Гоце Делчев“.

Во вторник пак со почеток во 00:00 часот ќе биде извршена адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци.

Третманот ќе се врши на тероторија на општина Куманово.

– Се препорачува на пчеларите да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не дозволат да се извршат третманите во наведените термини, истите ќе се одложат за наредниот ден, стои во соопштението од општината.