Тачи: Одлуката за демаркација ги отвара вратите за евроинтеграции

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Косово, Хашим Тачи оценил дека со одлуката на парламентот за демаркација на границата со Црна Гора отворени се вратите за европските интеграции.

– Тоа е дел кој гарантира и ја зајакнува евроатлантската иднина, отварајќи ни пат кон многу значајни процеси за нашата држава, напишал Тачи на Фејсбук.

Изразувајќи благодарност на пратениците кои ја изгласале демаркацијата, премиерот на Косово Рамуш Харадинај рекол дека очекува ЕУ да го задржи ветувањето и Косово да добие визна либерализација.

– Косово сега очекува ЕУ да го заврши својот дел од работата, онака како што е ветено, да на крајто граѓаните на Косово можат слободно да се движат во ЕУ, како и сите други Европјани, рекол харадинај.

Претседателот на Косовскиот парламент Кадри Вселеи рекол дека овој случај покажал дека кога власта и опозицијата ќе се обединат Косово има само успеси.

– Да научиме дека доброто на земјата и граѓаните може да се оствари со соработка. Имаме информации дека Косово постинало напредок во владеењето на правата. Кон крајот на оваа година ние ќе имаме слободно движење на граѓаните, рекол Весели.

Лидерот на движењето Самоопределување Аљбин Курти рекол дека пратениците на Собранието на Косово се придружиле на предавството на претседателот Тачи и газење на Уставот и територијалниот интегритет на Косово и полициско насилство врз пратениците на Парламентот.

Leave a Reply