Поранешната манекенка и мисица Хамамат Монтија живеела удобен живот во градот со две деца додека нејзиниот сопруг не ја оставил за да основа семејство со друга жена.
Хамамат останака сама со некои заштеди и брзо сфатила дека мора да направи нешто за да се грижи за себе и за своите деца.
Таа решила целосно да го напушти удобниот живот во градот и да се врати во родното село во Гана, во близина на Болгатанга.
View this post on Instagram
Повторно почнала да живее со семејството во многу скромни услови.
Таа повремено споделуваше настани од нејзиниот живот на социјалните мрежи, но сето тоа се промени кога објави видео од нејзиното семејство кое традиционално произведува шеа путер.
Видеото привлече големо внимание на социјалните мрежи, а Хамамат таму виде можност за работа.
View this post on Instagram
Таа го лансираше брендот Hamamat African Beauty. Заедно со другите членови на нејзиното семејство, рачно прави шеа путер и го продава, низ целиот свет.
Бизнисот напредувал толку брзо што таа дури учествувала и на Африканскиот економски форум, пишува BrightSide.
View this post on Instagram
Охрабрена од успехот на брендот, таа се посветила на социјалните мрежи и повторно почнала да се занимава со манекенство, па дури и отворила музеј за шеа путер во нејзиното село.
View this post on Instagram
Денес, над милион луѓе ја следат на Инстаграм, а многумина секојдневно коментираат дека нејзината приказна е голема инспирација за нив.
View this post on Instagram
View this post on Instagram