СЗО: Пандемијата ќе потрае и во 2022 година

Сподели со своите пријатели

Пандемијата на ковид – 19 „ќе трае една година подолго отколку што е потребно“, бидејќи посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Д-р Брус Ајлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“, пренесува Би – Би – Си.

Помалку од пет проценти од африканското население е вакцинирано, наспроти 40 проценти на повеќето други континенти.

 

 

Обединетото Кралство испорача повеќе од 10 милиони вакцини до земјите на кои им е потребна, и вети вкупно 100 милиони.

Огромното мнозинство вакцини против Ковид се даваат во земји со висок и среден приход, додека Африка учествува со само 2,6 проценти од дозите дадени ширум светот.

Loading...

Група добротворни организации, во која спаѓаат Оксфам и УНАИД, ги критикуваа Канада и Обединетото Кралство за набавка на вакцини за нивната популација преку Ковакс, глобална програма за правична дистрибуција на вакцини поддржани од ОН.

 

 

Официјалните податоци покажуваат дека на почетокот на оваа година, Обединетото Кралство примило 539.370 дози вакцина „Фајзер“, додека Канада нешто помалку од милион дози од вакцината „АстраЗенека“.

Ајлвард апелираше до богатите земји да се откажат од „редиците“ за вакцини, за фармацевтските компании да можат да им дадат приоритет на земјите со најниски примања.

„Можам да ви кажам дека не сме на вистинскиот пат. Дали навистина треба да забрзаме или знаете што ќе се случи? Оваа пандемија ќе трае една година подолго отколку што е потребно“, рече Ајлвард.

 

Loading...

 

Народната алијанса за вакцини објави нови бројки кои укажуваат дека само една од седумте дози што ги ветиле фармацевтските компании и богатите земји всушност стигнува до нивните дестинации во посиромашните земји.