СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени на глобално ниво

Сподели со своите пријатели

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот падна за 19 отсто минатата недела, додека бројот на смртни случаи остана стабилен, покажуваат податоците на Светската здравствена организација (СЗО).

Loading...

Во редовниот неделен извештај за пандемијата на СЗО, објавен доцна синоќа, се наведува дека минатата недела во светот биле пријавени нешто повеќе од 16 милиони нови инфекции со коронавирус и околу 75.000 смртни случаи, објави АП.

Западниот Пацифик беше единствениот регион кој пријави зголемување на бројот на новозаразени за околу 19 отсто минатата недела, а Југоисточна Азија забележа пад од околу 37 отсто, што е најголем потврден пад на бројот на нови случаи во светот.

Бројот на починати се зголеми за 38 отсто на Блискиот исток и околу 33 отсто во западниот Пацифик, а најголем број на нови случаи на Ковид-19 има во Русија.

Во Русија и другите источноевропски земји, бројот на новозаразени лица се удвои во последните недели поради ширењето на брановите на високо заразните омокронски варијанти на коронавирусот.

СЗО соопшти дека бројот на заразени со други варијанти на корона вирусот, соеви алфа, бета и делта, продолжува да се намалува на глобално ниво, бидејќи тие се потиснати од варијантата омикрон.

Меѓу повеќе од 400.000 примероци на коронавирус внесени во најголемата светска база на податоци за вируси минатата недела, повеќе од 98 проценти се соеви на омикрон.