СВР Куманово: Внатрешна контрола вклучена во расчистување на случајот со Димитриевски

Сподели со своите пријатели

Откако независниот кандидат и сѐ уште актиелен градоначалник на Општина Куманово утринава алармираше дека врз него се врши притисок, го следи полицијата и го однеле на технички преглед без образложение, со реакција се јавија и од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Оттаму со соопштение само кратко информираат дека во случајот ќе биде вклучена и внатрешната контрола при МВР:

– Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението.

Како што се додава, МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата.

Никола Ивановски