Димитриевски обвинува дека го следи полицијата: Нѐ спроведуваат на наводно вршење на технички преглед (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Независниот кандидат и сѐ уште актуелен градоначалник градоначалник на Куманово Максим Димитриевски во вклучување во живо на Фејсбук пренесе дека бил следен од возило на Министерството за внатрешни работи по што бил и запрен на улицата „Лесковачка“ без образложение.

Loading...

– Сакам од овде лично пред целата македонска јавност на улицата „Лесковачка“ да видиме како работи полицијата на актуелниот министер Оливер Спасовски. Претходно бевме следени од возило на МВР подолг временски период на неколку улици директно од возачот на началникот на СВР Куманово Стојанче Величковиќ. Во моментот не стопираа на улицата „Лесковачка“ без никакво образложение, ни ги земаа документите веќе 10 минути имаме застој на улицата и овде сум на јавна-прометна површина, јавно го објавувам ова да види јавноста со кого си имаме ние работа во Куманово, рече Димитриевски.

Тој вели дека за да го стопираат него, полицајците направиле застој во целиот сообраќај на улицата.

– Без никакво образложение иако побарав од полициските службеници да се направи ред во сообраќајот, бидејќи во моментов и автобус и други возила не можат да се движат по улица Лесковачка, сепак тоа е македонската демократија. Нека му служи на честа и на господинот министер и на мојот поранешен другар, бидејќи ова не личи на ништо. Ваква тортура значи не се правела никогаш во македонската јавност и повторно граѓаните на Куманово ќе победат поради ваквите недемократски принципи кои се спроведуваат, рече тој.

 

 

Како што посочи Димитриевски, тргнал да прими терапија кај својот матичен лекар, по што биле запрени од полицијата.

Loading...

– Ова е врв на достигнувањата на МВРО во Куманово коешто отиде на квадрат. Ако сметате дека во вториот круг граѓаните ќе го поддржат ваквото дејствие и самовластие на поединци кои го имаат узурпирано системот во државата тогаш нека ви служи на честа. Во полициското возило имаме тројца униформирани полициски службеници кои без никакво образложение ни ги побараа документите, нѐ исклучија од сообраќајот и лицето кое управува со моторното возило во моментов нема никакво образложение од нив, рече Димитриевски.

Во второто вклучување во живо Димитриевски и неговиот возач се наоѓаат во возилото, додека пред нив е автомобил на полицијата со вклучена ротација.

Како што рече тој, им рекле дека ќе ги носат на технички преглед.

– Во моментот како да сум најголем криминалец во државата, а не градоначалник на најголемата општина со ротации ми ги одземаа документите и нѐ спроведуваат на наводно вршење на технички преглед на возилото, иако возилото е ново, со уредно полномошно за управување согласно сите законски нормативи и прописи сепак на овој начин јас лично се онеспособувам да ја работам мојата работа како градоначалник и како кандидат во рамки на изборната кампања, посочи Димитриевски.

Според него, односот на полициските службеници е целосно непрофесионелен.

– Еве можете да видите покрај мене дека на возилото се вклучени ротации и дека нѐ насочуваат каде ќе нѐ носат, каде ни самиот не знам. Јавно го повикувам Спасовски да даде образложение што ова се случува во Куманово и кои се мотивите да бидам континуирано следен од страна на полициски службеници, дали има налог од Основно јавно обвинителство за таквото постапување и зошто таков третман кон мене и луѓето кои работат во рамки на своите професионални ангажмани. Вакво самовластие не е дозволено и еден ден ќе се водат постапки за ваквото постапување и некој ќе сноси одговорност. Иако имав закажно терапија кај лекарот, во моментот сум спречен и нѐ носат наводно на технички преглед, ново возило за кое знаат дека се е во ред, рече Димитриевски.

 

Loading...