„Свадбата на векот“ Омилениот мачор Том и глувчето Џери во нови лудории (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Стапиците од кои секогаш се вади мудриот глушец, а палавата мачка на крај вреска од болка, пристигнуваат пред домашната публика во малку поинаква форма од традиционалната.

Loading...

Добри пријатели, најдобри непријатели, мачката Том и глушецот Џери ги изведуваат своите нови акробации во најновата реализација на „Том и Џери“, која пристигна на големото платно.

Стапиците од кои секогаш се вади мудриот глушец, а непослушниот мачор на крај вреска од болка, пристигнуваат пред домашната публика во малку поинаква форма од традиционалната. Иако старите ривали се анимирани, новиот филм е со актери во живо и вистинска сценографија.

 

 

 

Едно од најомилените ривалства во историјата е оживеано кога Џери се преселува во најубавиот хотел во Њујорк во пресрет на „венчавката на векот“, принудувајќи го очајниот организатор на венчавката итно да ги побара потребните мерки. Клои Грејс Морец е во улогата на нововработената Кајла, која има задача да го реши проблемот со глодарите во хотелот пред важниот настан.

Loading...

 

Кајла ја зема мачката Том за помош, заедно да го запрат палавиот Џери. Она што следи е, се разбира, епска битка помеѓу мачката и глувчето, која се заканува да ја уништи нејзината кариера, венчавката и евентуално угледот на самиот хотел. Но, наскоро се појавува уште поголем проблем: злобен и амбициозен менаџер кој крои планови против нив тројца. Но, со 80-годишно ривалство, тоа е нов чекор кон станување пријатели.

„Том и Џери“ е првиот долгометражен филм во кој се прикажани најпознатите мачка и глушец, во комбинација на анимација и акција во живо.

 

https://youtu.be/KW8fGRTFWKc

 

Leave a Reply