Судот во Русија ги казни Фејсбук и Гугл

Сподели со своите пријатели

Руски суд ги казни американските технолошки гиганти Гугл и Фејсбук, затоа што не ја избришале содржината што Москва ја смета за нелегална.

Loading...

Фејсбук е казнет со 26 милиони рубљи (354.000 американски долари) по осум различни основи, додека Гугл треба да плати шест милиони рубљи (82.000 долари), пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Двете компании беа прогласени за виновни за административни прекршоци, соопшти судот.

Гугл Русија одби да ја коментира одлуката на судот, а Фејсбук не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.

Казнети Твитер и ТикТок

Обвинувањата се однесуваат на објавите за кои Русија вели дека ги охрабрувале малолетниците да се приклучат на нелегалните протести во јануари, кога демонстрантите излегоа на улиците да изразат поддршка за уапсениот опозициски лидер Алексеј Навални.

Русија веќе го казни Твитер затоа што не избриша забранета содржина, па социјалната мрежа во Сан Франциско беше казнета со 121.000 американски долари, а ТикТок неодамна беше казнет.

Leave a Reply