СТУДИЈА: Пчелниот отров ги убива клетките на ракот на дојка во лабораториски услови

Сподели со своите пријатели

Австралиски научници открија дека пчелниот отрово ги уништува агресивните клетки на рак на дојка во лабораториски услови.

Loading...

Отровот – и соединението мелитин што го содржи – се користело против два вида рак кои инаку се тешки за лекување. Научниците велат дека откритието е „возбудливо“, но дека се потребни дополнителни истражувања.

Пчелниот отров има и антиканцерогени својства кај други видови на рак, како што е меланомот, пишува Би-Би-Си.

Откриени се дека екстрактите од пчели се „исклучително моќни“, рече Кјара Дафи, 25-годишен научник, кој водел студија на Институтот за медицински истражувања „Хари Перкинс“, објавена во списанието „Nature Precision Oncology“.

Проверен е отров на над 300 медоносни пчели и бумбари. Утврдено е дека одредена концентрација на отров ги убива клетките на ракот во рок од еден час, со минимално оштетување на другите клетки. Исто така, откриено е дека токсичноста на отровот се зголемува при променети дози.

Ракот на дојка е најчестиот вид на рак кој ги погодува жените ширум светот.

Иако во лабораторијата има илјадници хемиски соединенија кои можат да се борат против клетките на ракот, научниците велат дека има малку што може да се произведат како лек.

Leave a Reply