Студија: 9.000 видови дрвја допрва треба да се откријат на Земјата

Сподели со своите пријатели

Научниците проценуваат дека на Земјата има многу повеќе видови дрвја отколку што се сега познати и дека допрва треба да се откријат повеќе од 9.000 видови, според студијата објавена во понеделникот.

Loading...

„Одредувањето на бројот на видови дрвја е важно со цел да се оптимизираат и планираат напорите за зачувување на шумите на планетата“, се вели во студијата објавена во списанието на Националната академија на науките на САД, во која учествуваа десетици научници.

До денес се наведени околу 64.100 видови дрвја.

 

 

Меѓутоа, истражувањето кое се потпира на покомплетна база на податоци и понапреден статистички метод, покажува дека нивниот вкупен број е околу 73.300 или 14 отсто повеќе, пренесува Хина.

Тоа значи дека сè уште не се откриени околу 9.200 видови.

Loading...

Севкупно, околу 43 отсто од сите видови се во Јужна Америка, по што следат Евроазија (22 отсто), Африка (16 отсто), Северна Америка (15 отсто) и Океанија (11 отсто), се вели во студијата.

 

 

Половина до две третини од сите познати видови се во тропски и суптропски влажни шуми на пет континенти, проценуваат научниците.

Јужна Америка има најмногу ендемични видови (49 проценти), кои се присутни само на тој континент.

„Загубата на шумски површини со ретки видови ќе има директни, а можеби и долгорочни последици за различноста на видовите ширум светот“, посочуваат тие.