Страшна сцена го обиколи светот: Погледнете што прави овој мртовец во ковчегот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Страшна сцена е снимена на погреб во Индонезија, каде што починатиот мавтал од ковчегот низ „стаклен прозорец“. Или така изгледаше.

Loading...

Ужаленото семејство и свештеникот се собраа на гробиштата во градот Манадо во северниот дел на Сулавеси на 5 мај за да го погребаат човекот кој почина. Додека свештеникот зборувал, на видеото снимено од еден од присутните на погребот се гледа како неговата рака се движи кон стаклениот дел во ковчегот и изгледа како човек да мавта.

По објавувањето на видеото, мештаните веднаш помислиле дека човекот всушност е жив и дека сака да побегне. Сепак, ова не може да се каже со сигурност. По „мавтањето“ никој не го отвори ковчегот. Сепак, поверојатно е дека трупот се „мрднал“ поради вкочанетост и процесот на распаѓање на телото.

Имено, студијата објавена во септември 2019 година, спроведена од научници од Универзитетот Централен Квинсленд во Рокхемптон, Австралија, откри како труп може да ја промени својата положба без „надворешна помош“, а резултатот од тоа истражување е важен за форензичката наука.

Инаку, видеото беше објавено во мај 2020 година, но повторно стана вирално и предизвика големо внимание кај публиката.